Discover the 8 principles of the HONcode in 35 languages

1. Авторство
Секој медицински или здравствен совет обезбеден и хостиран на овие страници ќе биде даден од медицински образовани и квалификувани професионалци, освен ако е дадена јасна изјава дека дел од советите се понудени од медицински не-образовани лица или организации.

2. Комплементарност
Информациите дадени на овие страници треба да го поддржат и дополнат, а не да го заменат односот кој постои помеѓу пациентот/посетител на овие страници и неговата/неговиот постоечки доктор/докторка.

3. Доверливост
Доверливоста на податоците кои се однесуваат на одредени пациенти и посетители на веб-сајтови од областа на медицината и здравството, вклучувајќи и податоци поврзани со нивниот идентитет, се почитува од страна на овој веб-сајт. Сопствениците на овој веб-сајт се обврзуваат да ги почитуваат или да ги надминат правните барања за доверливост на медицински/здравствени информации коишто се применуваат во земјата каде што се лоцирани овој веб-сајт и неговите огледални веб-сајтови.

4. Презентирање на информации
Информациите содржани на овој веб-сајт треба да бидат дополнети со јасно наведување на изворните податоци, како и обезбедување на HTML линкови до изворот на информации онаму каде што е можно. Датата на последната ревизија и модифицирање на медицинските и клиничките податоци на веб-сајтот треба да биде јасно прикажана (како на пример на дното од страницата).

5. Оправданост на тврдења
Секое тврдење поврзано со корисноста при изведувањето на одреден третман, конзумирањето на одреден комерцијален производ или услуга, ќе биде поддржано со соодветни и избалансирани докази, притоа почитувајќи го начинот на презентирање на податоците образложен погоре во Принцип 4.

6. Транспарентност на авторството
Дизајнерите на овој веб-сајт се обврзуваат да ги презентираат информациите на најјасен можен начин и да обезбедат контакт адреси за посетителите кои бараат понатамошни информации или поддршка. Веб-мастерот се обврзува да ја прикаже нејзината/неговата електронска (е-мејл) адреса јасно низ сите страници на овој веб-сајт.

7. Транспарентност на спонзорствата
Поддршката на овој веб-сајт ќе биде јасно идентификувана, вклучувајќи гои идентитетот на комерицјланите и не-комерицјланите организации кои придонесуваат со финансирање, услуги или обезбедување на материјали за овој веб-сајт.

8. Чесност во рекламирањето и уредувачката политика
Ако рекламирањето претставува извор на финансирање, истото треба јасно да биде наведено. Исто така, треба да биде обезбеден и краток опис на политиката на рекламирање прифатена од сопствениците на веб-сајтот. Рекламирањето и другите промотивни материјали ќе им бидат презентирани на посетителите на начин и контекст кои го поттикнуваат разликувањето помеѓу нив и оригиналниот материјал создаден во институцијата којашто е одговорна за овој веб-сајт.