The Health On the Net Foundation (HON) is in the process of updating its web 2.0 guidelines. We would very much appreciate your help in this process and therefore ask you to give your feedback about web 2.0 platforms (forums, blogs, wikis, etc.).
To give your opinion, please select below if you are:
Работна дефиниција за Принцип 8-Рекламирање и уредувачка политика
Политика во однос на реклами и друг пропаганден материјал
Без разлика дали рекламирањето претставува извор на финансиски средства, политиката на веб-сајтот во однос на истото треба да биде јасно наведена. Сите реклами (во вид на банери [banners] и/или лога), како и други промотивни и комерцијални информации, вклучувајќи ги и оние во форма на статии, треба да бидат јасно означени и идентификувани како рекламен/комерцијален материјал и одделени од останатите информации кои фигурираат на веб-сајтот.
Означување на рекламен и промотивен материјал
Сите реклами (вклучувајќи и pop-up прозорци и банери) треба да бидат означени со зборот "Реклами", јасно идентификувајќи го спонзорот на истите.
Ако банерите потекнуваат од бесплатен интернет hosting сервис или се резултат на тн. "размена на банери", веб-мастерот треба истото да го наведе на веб-сајтот и да ги информира посетителите дека овие реклами не се поддржани од уредникот на веб-сајтот.
Забелешка:
Уредникот на веб-сајтот е одговорен за сето рекламирање. Веб-сајтови коишто прикажуваат реклами за веб-сајтови со порнографска содржина (дури и ако ова не е под нивна контрола, што е случај со банери добиени по пат на "размена на банери") ќе бидат лишени од HONcode процесот на акредитација и отстранети од сите HON бази на податоци.
Важни прашања:
-Политиката на веб-сајтот во однос на реклами и друг промотивен материјал треба да биде наведена.
-Видовите на реклами коишто не се прифатени/поддржани од страна на вашиот веб-сајт поради конфликт на интереси треба да бидат појаснети.
-Изјавата којашто ја објаснува политиката на веб-сајтот во однос на реклами и друг промотивен материјал треба исто така да содржи информации за тоа како веб-сајтот ги разликува едиторијалите [editorials] од статиите со рекламна содржина.
-Дури и ако веб-сајтот не прикажува никакви реклами, истиот треба да содржи изјава која ќе појасни дека тој не е финансиран од рекламирање и од прикажување на комерцијална содржина.