Работна дефиниција за Принцип 5-Оправданост на тврдења
Сите информации за корисноста и дејствувањето на одреден третман, производ или услуга, треба да бидат презентирани во согласност со горенаведениот принцип 4.
Уредникот треба да ги оправда сите тврдења кои се однесуваат на ефикасноста или неефикасноста на одреден комерцијален производ или третман. Исто така, доколку веб-сајтот нема за цел да претставува само комерцијална подлога за одреден производ, истиот мора да презентира избалансирани информации (како на пример да наведе одредени алтернативни/генерички, општи третмани).
На пример, одредена фармацевтска компанија поседува веб-сајт којшто на посетителите им ги препорачува само производите од таа компанија. Ако веб-сајтот ја содржи следнава изјава:"Овој веб-сајт е наменет само за рекламирање и продажба на А, Б, Ц производи", тогаш истиот не мора да споменува и презентира конкурентни (генерички) производи. Ако веб-сајтот на фармацевтската компанија не содржи таква или слична изјава, тогаш истиот е обврзан да презентира конкурентни/генерички информации.
Важни прашања: