Работна дефиниција за Принцип 4-Презентирање и документирање на информации: авторот и датумот на публикација треба да бидат наведени
Во научните кругови и во секторот на јавно здравство, знаењето и информациите еволуираат брзо. Затоа е неопходно да ги информирате вашите посетители за датумот на публикација и ревизија и јасно да ги наведете научните или официјални извори на сите здравствени информации цитирани во статиите на веб-сајтот.
Што се однесува до клинички податоци и медицинска содржина, датумот на публикација и датумот на последната извршена ревизија на податоците се важни и треба да бидат наведени.
Датумот на последната ревизија на целиот веб-сајт или датумот на правата на сопственост [copyright date] не се доволни во обидот да се придржувате кон овој принцип. Притоа, датумот на "последна ревизија" на веб-сајтот не смее автоматски да биде наместен да ја покажува денешната дата. Резултати од анкети спроведени од страна на HON всушност покажуваат дека претходно споменатата практика го намалува кредибилитетот на веб-сајтот. Дотолку повеќе што посетителот има право да знае дали одредена медицинска информација е релативно нова или стара повеќе години.