Работна дефиниција за Принцип 3-Доверливост
Овој принцип се однесува на сите веб-сајтови, дури и ако вашиот веб-сајт не содржи информации за пациенти или не складира други медицински и лични податоци.
Вашиот веб-сајт треба да наведе како се третираат доверливи, приватни или полу-приватни податоци, како електронски/е-мејл адреси и содржина на електронски пораки примени од или испратени до посетители на вашиот веб-сајт. Исто така, вие треба да ги информирате вашите посетители дали нивните податоци ќе бидат складирани во вашата база на податоци, да објавите кои луѓе имаат пристап до истата (други, само вие, никој), дали овие податоци се користат за статистички цели (анонимни или не), како и тоа дали овие статистички информации понатаму се користат од трети страни или од некои други компании.
Веб-сајтот треба да поседува посебна страница која во целост ќе ја објасни политиката на веб-сајтот во однос на почитувањето на доверливоста на информации.
Забелешка:
Во делот во кој се објаснува политиката на вашиот веб-сајт во однос на почитувањето на доверливоста на информации, споменете за кои земји веб-сајтот се обврзува да ги почитува правните обврски за доверливост на медицински/здравствени информации.
Важни прашања:
Овие правила се однесуваат на сите веб-сајтови:
-Дали имате посебна страница која е посветена на политиката на вашиот веб-сајт во однос на доверливоста на информации?
-Дали е објаснето како ги третирате следниве информации испратени до вас од страна на вашите посетители (електронски адреси и/или контакт податоци, имиња, лични и/или медицински информации)?
-Дали е објаснета политиката на вашиот веб-сајт во однос на споделувањето на информации за ваши посетители со трети страни?
-Дали е наведено дека веб-сајтот користи/не користи сookies?
-Дури и ако некои од горенаведените прашања не се релевантни и не го засегаат вашиот веб-сајт, сите прашања мора да бидат одговорени.