Работна дефиниција за Принцип 2-Цел на веб-сајтот
Информациите презентирани на веб-сајтот треба да го подобрат, а не да го заменат односот којшто постои помеѓу пациентот и неговиот доктор.
-
Целта на веб-сајтот и целта на организацијата одговорна за истиот треба да бидат опишани.
-
Овие описи треба да ги содржат причините за презентирањето на информации (целта и мисијата на веб-сајтот), како и целната публика.
Важни прашања:
-Дали целта и мисијата на веб-сајтот и на организацијата одговорна за истиот се јасно презентирани?
Забелешка:
Препорачуваме да ја додадете следната изјава: Прeзентираните информации (во име на веб-сајтот) имаат за цел да го поддржат и дополнат, а не да го заменат односот помеѓу пациентот/посетителот на овој веб-сајт и неговиот/нејзиниот доктор.
-Дали е наведена целната публика на веб-сајтот?