Работна дефиниција за Принцип 1-Авторот на информации треба да биде наведен
Авторот на сите медицински информации презентирани на вашиот веб-сајт мора да биде споменат. Неговото/нејзиното образование исто така треба да биде обелоденето. Ова може да се направи на секоја од страниците од вашиот веб-сајт кои поседуваат медицински информации или на посебна страница која ќе презентира информации за консултативниот одбор или уредничкиот одбор на сајтот ["Advisory
Board " или " Editorial Board"]. Професионалните квалификации на личноста која ги доставува/презентира информациите (автор, веб-мастер и/или уредник) треба да бидат уредно наведени и да припаѓаат на една од следниве категории: пациент, интернет специјалист, медицинско лице или друго лице од областа на здравството. Ако личноста којашто ги обезбедува информациите е доктор, неговата/нејзината специјалност треба да бидe исто така наведена.
Веб
-сајтот мора да обелодени ако авторот на медицинските информации не е медицинско лице.
Важни прашања:
-Дали се споменати авторите на сите медицински информации?
-Дали се наведени нивните професионални квалификации?
Забелешка:
Сите скратеници коишто се однесуваат на професионални титули и именувања (како д-р, м-р, итн.) треба да бидат објаснети при секое појавување на скратеницата или пак на страницата со информации за луѓето ангажирани во подготвувањето на веб-сајтот (којашто би можела да биде насловена "За Нас").